Категории

Кога љубовта ќе заврши и ќе останат само спомените

Дури и ако тој замина, ти победи! 

Дури и ако те земале „здраво-за-готово“, знај едно – Ти даде се што поседуваше, најдоброто од себе, најубавото од своето срце. Ти беше добра, грижлива. Тие секогаш ќе те паметат како некој кој имал големо срце. Како некој кој не ја штедел својата љубов.
Дури и ако избрале некој друг, ти го правеше вистинското, она кое се прави кога сакаш некого. Ти го избра него, вложи во него. Ти го направи она кое сакаш и другите да го направат за тебе, и тоа е она кое е важно. Ти не очекуваше љубов каква што не беше подготвена да дадеш.

Дури и ако сметаше дека нема да биде трајно, длабоко во своето срце се надеваше дека нема да е така. Знаеш дека никогаш не лажеше, не носеше маска и не ги искористуваше туѓите емоции. Секогаш беше искрена, му ја покажа својата ранливост, своите чувства и им даде до знаење колку ти значат.
Му покажа колку вистински се грижеше за него. Го воздигна до ѕвездите.
Дури и ако тој направи да се чувствуваш дека не беше доволно добра за него, не беше твоја работа да го промениш.

Единственото нешто кое треба да го правиш е да останеш верна на себеси затоа што си и повеќе од доволна онаква каква што си, и секогаш ќе бидеш доволна за оној кој е подготвен да ја покаже истата длабочина.
Дури и ако тој замина, ти победи!

Затоа што ти му покажа која си вистински а тој ти покажа каква личност не сакаш да биде покрај тебе во твојот живот. Тебе не ти е потребна таква личност која не може да се носи со вистинската ти. Не ти е потребна личност која само го сака твоето внимание. Тебе не ти е потребен некој кој сака да го полниш неговото его, некој кој ќе те прави да се чувствуваш како да не си доволно добра.
Тебе не ти е потребен некој кој не сака да остане, запомни го тоа.
Запомни го и продолжи понатаму!

Прегледи:
598
Објавено на:
17.08.2020