Категории

Makeup совети – Како правилно да нанесувате кремасти продукти

Доколку посакувате природен финиш кој изгледа блескаво и сјајно, совршена кожа која изгледа како да не е нашминката се што треба да направите е да ги замените производите во прав и оние со мат финиш – со кремасти. 

Доколку посакувате природен финиш кој изгледа блескаво и сјајно, совршена кожа која изгледа како да не е нашминката се што треба да направите е да ги замените производите во прав и оние со мат финиш – со кремасти.
Кремастите производи имаат посилна пигментација од оние во течна состојба. Во однос на пудрите кои умеат да се вовлечат во ситните брчки, кремастите производи даваат ефект на измазнет, младешки тен и ја прават кожата блескава. Можат да се користат во текот на целата година особено на лето кога можеме да експериментираме со кремастите бои и текстури.
Еве на кој начин ќе постигнете најдобри резултати:

1.Добра хидратација
Ова е првиот и најважен чекор во нанесувањето на шминката. Добро хидрираната кожа е најдобрата база врз која овие производи ќе се нанесуваат беспрекорно.
Без оглед на тоа дали имате сува, комбинирана или масна кожа, хидратантната крема е задолжителна пред нанесувањето на продуктите.
Нанесете хидратантна крема на добро исчистена кожа. Потоа следи прајмерот со цел да осигурате долготрајност на додатната нега на кожата.

2.Прсти наместо четки и апликаторите  
Она кое треба да го знаете е дека кремастите производи се нанесуваат со прсти, допирот кожа со кожа прави тие добро да се соединат со тенот а со тоа и подобро да се упијат.

3.Нанесување
Доста е важен редоследот на нанесување.
Кремастите текстури се нанесуваат први, пред оние во прав, никако над нив. Прашкастите доаѓаат како финиш, ако сакате долготрајни резултати.
Особено кај масната кожа е важно да се сетира лицето. Пудрата за сетирање се користи на оние делови на лицето кои сакате да бидат мат, никако преку целото лице.

Доколку имате сува кожа, бирајте производи кои имаат погуста текстура. Текстурите во гел повеќе одговараат на масна кожа, додека кремастите се најдобри за нормална до комбинирана кожа.
Немаат силна покривна моќ но кожата изгледа мазно и сјајно, без ефект на маска и премногу шминка. На тој начин нејзината природна текстура секогаш ќе биде видлива.

3. Природен тен
Шминката треба да го истакне и разубави вашиот природен тен, а не да го замаскира и да го направи да изгледа како да е од порцелан. Никој не сака таков изглед. Не е потребно да имате полн куфер со шминка за да бидете професионален шминкер и за да изгледате убаво. Со помош на неколку производи и трикови ќе направите да се чувствувате задоволно со вашата кожа.

Можете да комбинирате седесасти текстури на очите, наместо мат. Хајлајтерот во крем нанесувајте го во минимална количина со тапкање на врвот на јаболкниците и носот. За едноставен и изедначен тен користете руменило во стик така што ќе направи вашето лице да изгледа природно румено.

Прегледи:
592
Објавено на:
30.08.2020