Безвременската класика никогаш не излегува од мода па баш поради тоа минимализмот е еден од најубавите начини на стилизирање на денешницата
Мотото „помалку е повеќе“ направи тотален пресврт во модниот свет каде отсекогаш се ценела екстравагантноста и стилот кој се двои со нагласеноста на деталите. Минимализмот станува се по популарен и се повеќе вљубеници во модата тежнеат кон класика и едноставност.
Минималистичката естетика полека но сигурно ги промени правилата кога се во прашање кроевите и силуетите. Тука спаѓаат парчињата кои гласат за безвременски што подразбира едноставни кроеви, неутрални нијанси и исклучок на премногу нагласени дезени и принтови.
Минимализмот промовира една елегантна и префинета естетика која изгледа модерно и стилски без оглед на времето па затоа денес е толку широко обожаван.
Ви споделуваме неколку минималистички outfit-и кои можат да ви послужат како стилска инспирација.