Категории

Зошто некои луѓе имаат повеќе среќа во животот од другите? – Во што се крие тајната?

Дали некогаш сте погледнале некого и сте помислиле: „Тој е толкав среќник, има пари, долга врска, има одлична кариера.. Кога и мене би ми одело толку лесно од рака..“ Или некогаш помислувате зошто не сте се родиле под среќна ѕвезда и богато семејство? Едноставно не сте имале среќа да се најдете на вистинско време во вистинско место.

Секако дека не можете да бирате дали ќе се родите во богато семејство, но можете сами да го создадете.
Богатството кое го поседуваат „среќните луѓе“ не е предуслов за среќа. Тие станале „среќни“ затоа што размислувале поинаку и превземале одредени акции.

Ова се причините зошто некои луѓе имаат среќа во животот:

1.Работат напорно и тивко. Тие не се фалат. Своите успеси не ги објавуваат јавно и транспарентно. Не користат друштвени мрежи за било какво истакнување затоа што среќните луѓе се зафатени со работата.

2.Опкружени се со позитивни луѓе. Животот веќе е доволно тежок, негативните луѓе се само вишок. Тие ќе го успорат и отежнат приливот на позитивна енергија.

3.Секој ден го започнуваат со позитивни мисли. Бираат вистински зборови и акции, имаат одредени ритуали со кои започнува денот. Медитација, молитва или утринска шолја кафе во мир.

4.Среќните луѓе не се оптеретуваат секојдневно со темите кои замараат, не размислуваат за оние нешта кои не им се важни.

5.Среќните луѓе имаат опасна цел, да им пружат на своите деца повеќе отколку што имале самите, подобри услови за растење од оние во кои пораснале тие. Тие имаат магнет кој ги приближува до нивната цел.

6.Ја прифаќаат секоја ситуација. Тие никогаш не велат: „Моментално е лошо“, тие велат: „Секогаш е добро, овде и сега“. Тие знаат дека идеалното време нема никогаш да пристигне доколку самите не го изградат својот пат.

7.Никогаш не им даваат важност на луѓето кои постојано ги критикуваат. И не сакаат такви луѓе во своето опкружување. Среќните луѓе немаат време за љубомора и омраза. Немаат време да одговараат на лошите коментари, среќните луѓе само се насмевнуваат и продолжуваат да чекорат со високо исправена глава.

8.Среќните луѓе повеќе чувствуваат отколку што мислат. Често се водат со својот внатрешен инстинкт и работат по чувствата. И кога ќе наидат на тешки околности, немаат проблем со тоа дали да го послушаат разумот или срцето. Среќните луѓе секогаш се водат со срцето а не разумот.

9.Ним во фокусот им е целта а не планот. Плановите можат да се променат. И најдобриот план може да се прекине но целта не.

10.Среќните луѓе не се арогантни. Тие веруваат во себе.

Прегледи:
758
Објавено на:
08.09.2020