Среќата е персонално патување. Иако мислиме дека патување до исконската и чиста среќа е трка, многумина го негираат тоа изјавувајќи дека е всушност маратон. Овие 5 животни лекции ќе ви помогнат на вашето патување да станите посреќна и поисполнета личност.
1.Очекувањата се коренот на сето зло во секој аспект од животот
Нашите очекувања ретко го прифаќаат тоа дека всушност ние сме човечки суштества кои имаат маани и понекогаш едноставно се случуваат непредвидени работи. Без оглед на тоа дали го забележуваме тоа или не, ние честопати очекуваме премногу од себеси и од другите луѓе.
Кога поставуваме одредени очекувања од себеси, тие не секогаш стануваат реалност и се остваруваат на начин на кој сме посакувале. Ние создаваме јасна визија во нашите глави околу тоа како нештото треба да изгледа. Наместо да имаме високи очекувања, треба да се трудиме да имаме високи стандарди.
2.Дозволи си на себеси да бидеш она што си
Ние постојано си поставуваме на себеси некои цели кои мораме да ги оствариме мислејќи дека тогаш кога ќе ги оствариме конечно можеме да бидеме среќни. Чекаме да најдеме идеална и висока платена работа, чекаме да добиеме унапредување, награда, да изгубиме вишок килограми.. Нашиот живот се сведува на чекање нешто да се случи за да бидеме среќни. Наместо тоа, зошто едноставно не станеме задоволни со она што го имаме и да ја прифатиме среќата во нашиот живот, тоа е толку едноставно.
3.Да бидете одбиени не значи дека не вредите и немате талент
Било дали се работи за одбивање од некој пријател, потенцијална работа, сето тоа го претвораме во деструктивен монолог спрема себеси. На крајот од денот, можеби таа работа еднставно не била наменета за вас. Но тоа не ве прави помалку талентирани и помалку вредна човечка личност.
4.Дозволете си на себеси да ги почувствувате лошите нешта
Можеби тоа звучи контрапродуктивно, но морате да сфатите дека не секој ден ќе биде сончев и топол и насекаде ќе околу вас ќе цветаат рози. Исто така не значи постојано ќе бидете депресивни и тажни. Искористете го тој перод да се посветите на себеси.
5.Ослободете се од нештата и луѓето кои не се добри за вас
Некои ситуации и луѓе едноставно не се добри за нас и колку да го мислиме спротивното. Доколку се чувствуваме тажно и потиштено треба да се запрашаме себеси каква врска има таа ситуација/личност со нашата состојба. Дали ни помага да научиме нешто? Дали ни служи за нешто добро?
Доколку тоа ве чини вашиот мир, тогаш веројатно е вистинско време да се ослободите од нив и да продолжите понатаму. Не вреди да „полевате мртво цвеќе“ одржувајќи врска во која вложувате само вие, и другата страна постојано ве повредува. Останете фокусирани на добрите нешта, така што ќе се осободите од сето она негативно а на тој начин ќе отворите пат за оние нешта кои се вистински наменети за вас.