Категории

Благодарноста е клучот за среќниот живот – Како да бидете благодарни се она кое го имате

Благодарноста е моќна сила која може да го претвори просечниот живот во весел и идиличен.

Живееме во време кога се ни е на располагање. На располагање ни е гардероба, домот можеме да го уредиме онака како што сакаме, можеме да патуваме низ целиот свет, да посетуваме ресторани, излегуваме, да се дружиме.. Меѓутоа и покрај се, сакаме уште.
Парадоксално, фактот дека постојано сме опкружени со низа можности, не не наведува да чувствуваме благодарност. Напротив, со секој ден посакуваме уште и забораваме колку вистински имаме среќа.

Благодарноста е нераскинлив темел врз кој се наслонува овој свет. Таа е моќна сила која може да ја претвори умереноста во изобилие. Извор на среќа и радост кои секако можат да се искористат ако застанеме за миг и почнеме да обрнуваме внимание на убавината со која е опкружен.

Да се обидеме да бидеме благодарни затоа што благодарноста може да го промени цел наш живот. Ког аќе научиме да го цениме она кое го имаме моментално, отвораме простор за уште подобри нешта.

Како да почнете да го цените она кое веќе го имате:

1.Прифатете ја моќта на сегашноста
Сегашноста е мигот кој секогаш сте го чекале и е вистински миг да почнете да ги остварувате своите планови. Морате да се сконцентрирате на сегашноста, а не на минатото или иднината – тоа е клучот на среќата. Прифатете го дактот дека само губите време жалејќи за минатите грешки и грижејќи се за нештата кои не се ни случиле. Никој од нас не е во состојба да го врати времето назад и не може да ја предвиди иднината. Сите живееме овде и сега, во сегашноста.
Бидете благодарни за овој миг затоа што никогаш повеќе нема да се повтори.

2.Нека благодарноста биде дел од вашата секојдневна рутина
Запишете ги на парче хартија нештата за кои сте моментално благорни. На овој начин ќе станете свесни за добри нешта кои ве опкружуваат.

3.Смејте се повеќе
Ако ви се чини дека се околу нас е мрачно. Пронајдете барем мала причина за смеа. Смеата лечи и го подобрува животот. Почнете од малите нешта и со секој ден ќе откривате нови нешта. Убавите нешта се околу нас, само треба да погледнеме подобро.

4.Пронајдете мир во душата
Посветете барем половина час дневно на себеси. Тоа е единствен начин да застанете и да погледнете до каде сте стигнале. Единствено така ќе увидите колку нешта ве опкружуваат и на што ја должите големата благодарност.

5.Престанете да се споредувате со другите луѓе
Никогаш не го заборавајте овој факт: Никој друг не е како вас и тоа е вашата моќ. Секој човек се разликува, сите имаме поинакви патишта. Размислувањето за туѓиот живот и зависта нема да ви донесат ништо добро. наместо тоа фокусирајте се на она што ви го пружи животот.

6.Прифатете се себеси и бидете доволно храбри да останете верни на она што всушност сте
Бидете верни на она во кое вистински верувате, она поради кое срцето ви блеска од среќа, она кое ви дава причина да одите напред. Имате многу причини да и се заблагодарите на судбината. Никогаш не дозволувајте некој да ве увери дека сте недостојни и безначајни.

Прегледи:
606
Објавено на:
13.09.2020