Категории

За сè постои вистинско време – Продолжи да чекориш напред

Постои вистинско време кога ќе ја пронајдеш смислата на својот живот.

Постои вистинско време кога ќе станеш личноста која посакуваш да бидеш. Постои вистинско време кога ќе се заљубиш во некого и тој ќе те сака онака како што заслужуваш да бидеш сакан.
Постои вистинско време кога ќе го пронајдеш својот пријател кој ќе биде покрај тебе засекогаш.
Постои вистинско време кога сите твои рани ќе зацелат и твојот живот ќе се врати во својата вистинска насока.

Постои вистинско време кога ќе ги исполниш своите очекувања од себеси и ќе бидеш горд на сето тоа. Постои вистинско време кога ќе ја пронајдеш смислата на својот живот.
Не мораш да ги имаш одговорите на сите прашања токму сега. Не мораш да бидеш мотивиран и инспириран цело време. Не мораш постојано да бидеш успешен. Животот не е трка, не мораш да брзаш во ништо.

На крајот од денот е важно само да дадеш се од себе, па дури и да не успееш денес, можеби ќе успееш утре.
Добрите нешта пристигнуваат на твојот пат. Ти не заостануваш, немој да мислиш дека не вложуваш доволно труд. Ти припаѓаш токму онаму каде што си во овој миг, ти си на вистинскиот пат, се движиш во вистинската насока и немој никогаш да се посомневаш во тоа.

Немој никогаш да жалиш за тоа што се ставаш себеси на прво место.
Продолжи да чекориш напред, кога си стигнал толку далеку, зошто да застанеш сега, само продолжи да чекориш.

Прегледи:
670
Објавено на:
24.09.2020