Категории

Ти не си совршена личност но не дозволувај никој да го искористи тоа против тебе

Почитувај се себеси, однесувај како кон најдобар пријател.

Не чекај да дојде некој и да ти купи скапа облека и подароци, направи го тоа сама. Носи ги за себеси, изгледаш одлично. Немој да дозволиш никој да те убедува во спротивното. Ако го потрошиш целото свое време чекајќи нештата да се случат, ќе им дозволиш на другите луѓе да ја контролираат твојата судбина.

Времето нема да чека на тебе, почни да се движиш напред. Живеејќи од трошките љубов од другите секогаш ќе бидеш гладен. Израсни ја во себе и не дозволувај да умреш од изгладнетост.
Научи кога да се грижиш а кога едноставно да се насмееш и да оставиш да помине. Ако некој те повреди кажи му го тоа, ако те повредат повторно – замини.

Животот е премногу краток за да го поминеш тажен. Не ти е потребно одобрение за да ја пуштиш омилената песна и да танцуваш, и да изгледаш смешно – едноставно опушти се и не грижи се премногу.
Ако сакаш нешто да јадеш – јади го, не грижи се за килограмите, не грижи се за изгледот.
Твојата мајка издржала 9 пеколни месеци носејќи те, немој никогаш да помислиш дека не вредиш, дека не си доволно добра.. Таа не го заслужува тоа.

Твоите чувства ќе те збунуваат, понекогаш ќе се преиспитуваш себеси дали воопшто се вистински. Плачи акок чувствуваш горчина, плачи ако те боли.. Ти не си совршена личност и немој да дозволиш другите да го користат тоа против тебе. Престани да се извинуваш за сешто, единствено извинување кое го должиш некому е тоа на себеси.
Почитувај се себеси, однесувај како кон најдобар пријател.

Прегледи:
689
Објавено на:
28.09.2020