Категории

Моден тренд: Големо враќање на чизмите со висока платформа

Оваа студена сезона помеѓу главните трендови кај обувките се чизмите со висока платформа

Во студените есенски дождливи денови или со паѓањето на првиот снег секако дека ќе се приклониме кон обувките со висока платформа, а оваа сезона на модната сцена настапуваат моделите на ‘мартинки’ и ‘biker’ чизми кои и оваа сезона се помеѓу главните трендови.
Можете да ги стилизирате во безброј варијанти: со здолништа, фустани, широки панталони, фармерки..

Овој специфичен модел на чевли е инспириран од дизајнот кој беше популарен во ‘70-тите и ’90-тите години, што слободно може да се каже дека тоа се едни од најзначајните модни децении. Покрај тоа што можат да се забележат во колекциите на бројни модни брендови помеѓу кои Prada, Dries Van Notten, Paco Rabbane и бројни други во понудата ги следат и бројни пристапни брендови.

Во продожение погледнете како светските трендсетерки го носат овој популарен модел на чизми.

Прегледи:
583
Објавено на:
28.09.2020