Последните неколку години во модниот свет се повеќе се прекршуваат стилските правила. Како продукт на спортска елеганција оваа сезона ни доаѓа уште една кул комбинација е тоа е – чизми и тренерки.
Со оглед на тоа што изминатава година ја поминавме во домовите и удобноста на омилените тренерки, се чини дека нема лесно да се откажеме од нив кога веќе толку се навикнавме. Трендсетерките веќе почнаа да ја имплементираат спортската кежуал облека во секојдневиот стил така што ја коминираат со поелегантни парчиња, како сакоа и палта добивајќи одличен спој на спортска елеганција.
Оваа студена сезона една од омилените street style комбинации е чизми и тренерки. Погледнете како го прават тоа модните фанатички.