Категории

Најголемите загуби те носат кон најголемите добивки

Во животот се случува твоите најголеми загуби да те одведат до твоите најголеми добивки.
Понекогаш не завршуваш со личноста која ја избира твоето срце. Понекогаш не можеш да ја приспособиш својата љубов да ги прифати сите нешта и околности во твојот живот.

Понекогаш едноставно мораш да ја смалиш надежта, мораш да престанеш да изливаш од својата љубов во нечие срце кои никогаш нема да се засити нити ќе биде доволно за твоето.
Но мораш да знаеш дека еднаш кога ќе заминеш ќе го создадеш тој простор кој ќе и даде можност на личност која е наменета за тебе да пристигне во твојот живот.

Таа личност која ќе те разбира на сите нивоа и поради која ќе сфатиш зошто сите други морале да заминат. И на крај ќе ти биде драго зошто се се одиграло така.

Понекогаш најтешкото нешто кое мораш да го научиш е дека си се надраснал себеси и колку да ги сакаш некои нешта за себе, едноставно не се она кое го заслужуваш и мораш да ги отпуштиш затоа што заслужуваш многу повеќе.
Во мракот учиш да не се плашиш од темнина, и во длабочините учиш како да не се удавиш.

Да, понекогаш не ја знаеш својата сила и со колку нешта кои ти се фрлени во лице можеш да се справиш како од шала.
Ќе ти биде потребно време, можеби месеци и години, но едноставно не постои полесен пат кој ќе те направи поцврсти.
И она што мораш да го запомнеш е дека – Универзумот не одзема без да врати, и сите болки на крајот водат кон убавина.

Прегледи:
626
Објавено на:
10.10.2020