Категории

НАУКАТА ПОТВРДИ – Колку долго коронавирусот може да преживее на вашата кожа?

Најновите истражувања кои ги спроведоа јапонските научници покажуваат дека коронавирусот може да опстане на човечката кожа и до девет часа, пренесуваат канадските медиуми.

Експертите велат дека овие резултати не се толку алармантни колку што звучат, а примероците на коронавирусот се пронајдени на починати личности ден после нивната смрт.

Откриено е дека Ковид-19 може да живее најмногу до десет часа и четири минути, односно, пет пати повеќе отколку патогените кои го предизвикуваат обичниот вирус.

Истражувањето исто така покажало дека 80% етанол може да ја убие короната во рок од 15 секунди.

Синтија Кар, епидемиолог од Винипег во Канада, вели дека тоа за неа е важен податок.
„Ако знаеме дека со миењето на рацете можеме брзо да го убиеме вирусот, тогаш ајде да се држиме до тоа. Не треба да паничиме и нон стоп да се капиме кога ќе се вратиме дома од надвор. Само треба да сфатиме дека вирусот е на нашите раце и може да се случи со самото тоа да го допреме носот, устата, очите  така да дадеме шанса Ковид-19 да се развие во нашиот организам.“ – вели Синтија Кар.

Прегледи:
595
Објавено на:
25.10.2020