Овој пат модните критичари најмногу и замерија на Софија Вергара за изборот на сандали.
И тоа не е прв пат таа да направи модна грешка. На Софија Вергара (48) често и се замерува поради стилските избори. Модните критичари никогаш не ја штедат поради изборот на модни комбинации и коментираат дека таа е дама која е или беспрекорно стилизирана или катастрофално облечена. Овој пат нити нејзините многубројни фанови не беа воодушевени околу тоа во какво модно издание се појави.
Таа често носи искинати фармерки, но овој пат всушност најногу негативни коментари собраа нејзините сандали. За нив велат дека биле актуелни пред две децении.
Модните критичари и порачаа да ангажира модел стилист.