Категории

Силен стануваш тогаш кога самотијата ја прифаќаш како твој најдобар пријател

Кога тишината ќе стане погласна, се зголемува квалитетот на твојата самотија. Тоа е знак дека влегуваш во една нова етапа.

Во тишината најдобро сфаќаш дека мислењата на другите не се толку важнии и почнуваш да водиш сметка за она кое е единствено важно за тебе, а тоа е чувствоот кое моментално го чувствуваш. Тие те потсетуваат дека твојот живот не е таму некаде каде би посакувал да биде туку е всушност каде каде што сега си со личноста која тие најблиска а тоа си ти самиот.

Во тишината најдобро ја спознаваш твојата желба за растење. Сфаќаш дека можеш и подобро и повеќе од ова што моемнтално си и стануваш нова верзија на себе. Тишината е најдобра состојба за чистење на својот мозок од негативност затоа што во неа откриваш дека не е се така црно како што си се грижел и дека животот ти донесува многу убави мигови кои треба сам да ги откриеш. Тишината е миг да ја откриеш својата првобитна моќ и да сфатиш дека сомнежите и стравовите вистински не се потребни.

Во тишината стануваш цела личност, го живееш својот живот онака како што мислиш дека за тебе е најдобро без да ставаш некоја маска на лицето и да се преправаш и да докажуваш дека си друга личност. Во тишината на површина испливуваат сите твои причина за насмевка и за солзи и сфаќаш колку богатството се крие во чувствата кои се менуваат и се прикажуваат преку широката лепеза на животот.

Во тишината најдобро сфаќаш колкав луксуз е да имаш мигови само за себе без потреба некому да се оправдуваш зошто ти е потребна таква состојба. Силен стануваш тогаш кога квалитетот на твоите мисли во самотијата го одредува квалитетот на твојот живот, и почнуваш се повеќе да ја бараш таа состојба.

Прегледи:
636
Објавено на:
19.12.2020