Категории

Веќе не е тајна – Џенифер Лопез и Бен Афлек за прв пат на црвениот тепих после 18 години

На меѓународниот филмски фестивал во Венеција, се случи она што обожавателите на моментално најпопуларната славна двојка со нетрпение го очекуваа со денови. „Бенифер“ на црвениот тепих – среќни, заљубени и насмеани.

Латино дивата Џенифер Лопез (52) и актерот Бен Афлек (49) се појавија на премиерата на „Последниот дуел“ на меѓународниот фестивал во Венеција, и ова е нивно прво појавување на црвениот тепих по 18 години и обновување на нивната романса. Новиот стар пар „Бенифер“ зачекори на црвениот тепих насмеан и држејќи се за раце, па сосема е јасно дека тие беа ѕвездите на вечерта.

Латино дивата донесе гламурозен бел фустан потпишан од либанскиот моден дизајнер Жорж Хобејке. Луксузен фустан со многу изразено деколте и интересно деколте навистина зрачи со свадбена енергија. Чантата и сандалите го заокружија раскошниот стајлинг. Бен Афлек се одлучи за класичен смокинг.

Прегледи:
563
Објавено на:
11.09.2021