Категории

Ова малку живот не ти е даден да се криеш, колебаш и бегаш – Туку да го живееш

Секогаш мислите дека не можете да поднесете некои работи, а потоа издржувате, ттрпите многу полошо. Од ден на ден. И така сфаќате дека не избирате многу работи, ниту пак некој ве прашува. Доаѓате до ќор -сокак само за да ги издржите. И со текот на времето доаѓате до точка да се запрашате: Дали ќе се борите или ќе дозволите работите да се одвиваат онака како што се случуваат. И тогаш кревате глава и си велите: Друг пат нема. Ова малку живот не ти е даден да се криеш, колебаш и бегаш. Туку да го живееш.

Навикнете се дека, како што растат годините, ќе растат вашите солзи, разочарувања и повреди. Навикнете се дека вашите одлуки за откажување ќе се множат колку повеќе ќе ја искусите бесмисленоста на некои работи и злобата на некои луѓе. Но, не престанувајте да живеете во меѓувреме, не престанувајте да сонувате, верувајте дека сè уште може да се подобри. А кога ќе ви дојде најтешкото, не заборавајте да го кренете погледот и да се потсетите дека ова е животот, дека немате друг и дека на крајот се ќе биде како што треба. И започнете да живеете од почеток.

Прегледи:
393
Објавено на:
22.10.2021