Категории

Упатете убав збор некому денес – Можеби тоа ќе е единствената светла точка во неговиот живот

Дали сте виделе некој што е тажен денес? Осамен? Загрижен? Помогнете му! Не размислувајте дали ќе го направите тоа или не. Можеби вие сте единствениот кој ќе го направи тоа денес. Можеби вие сте неговата единствена шанса, единствената светла точка. Можеби денес ќе помине покрај луѓе кои нема ни да го погледнат, или такви што ќе му упатат некој грд збор. Или можеби ќе го погледнат одозгора или од сожалување. Во секој случај, не ја пропуштајте можноста да оставите нешто убаво зад себе.

Можеби денес ќе видите некој кој е во депресија? Преплашен. Скршен во себе. Не ја пропуштајте можноста да му кажете барем еден убав збор. Една насмевка не ве чини ништо, а таа му дава толку многу. И наречете го пријател иако сте го виделе прв пат, тоа ќе му значи многу. Тогаш најдобро ќе разберете дека и вие можете да направите чудо, вистинско чудо. Вратете во живот некој кој се откажал од себеси. Помогнете му! Можеби вие сте единствениот кој ќе го направи тоа денес.

Прегледи:
509
Објавено на:
07.11.2021