Размислете дали ова е жив живот или само некоја поблага верзија од него? Со многу страв, сомнеж и прашања што ќе кажат другите. И може да биде толку убаво, кога ќе го откриете вашиот внатрешен глас и ќе почнете да го следите. И како природата веднаш да дава свој придонес и пред вас става илјадници свои чуда и на вас останува да изберете. Тргнете ги денес товарите од вчера и најдете мир во малите радости. Оаза во која нема гужва, туку само живот, едноставен живот.
Секое утро размислете дали се исплати да го дадете вашето срце на некој кој може да ве повреди и да замине. И дилемата ставете ја на вага, што добивате, а што губите? И не избрзувајте со одлуката. Затоа што предизвикот е преголем, и животот е живот. Секогаш става некое изненадување на вашиот пат. Некогаш да се смееш, некогаш да плачеш. Без оглед на трошките од среќа, секогаш ќе дојде кај оној што утрово се разбудил благодарен. И тој знае колку е убаво да можеш да чекориш, размислуваш, чувствуваш, сакаш. Одете по патот што го избравте.