Тамара Тодевска на доделувањето на наградите Златна бубамара на популарноста се појави во црн фустан, во кој воедно изгледаше одлично. Освои три награди и ја почести публиката со убава песна.
Многумина забележаа дека инспирација за нејзиниот изглед била Ким Кардашијан, која за време на нејзината бременост имаше совршен стајлинг и изглед. Па сега кога Тамара е во иста состојба како Ким, таа се облече во ист модел како впечатливиот фустан со наметка од Валентино кој Ким го носеше во текот на нејзината бременост.