Категории

Нешта кои треба да ги знае секоја дебелка девојка пред да се почувствува несигурно

Убавината нема дефиниција, но многумина ја опишуваат како витка става и сметаат дека луѓето со вишок килограми се помалку убави од витките. И покрај овие сфаќања, дебелките треба да запомнат едно: убавината нема конфекциски број! Во продолжение прочитајте неколку факти кои ќе ве охрабрат и ќе ве поттикнат да се прифатите онакви какви сте.

Кога другите ќе ви кажат дека сте убави, не се сомневајте во тоа!

Многу полнички девојки кога добиваат комплименти не веруваат дека истите се искрени и се срамат кога некој ќе го пофали нивниот изглед. Но дел од луѓето даваат комплименти само кога навистина го мислат тоа. Тие не го гледаат само вишокот на килограми, туку ве гледаат како целина на тело и душа. За жал, сите ние на себе ги гледаме само своите маани.

Убави сте, без оглед на дебелкото тело

Луѓето се многу повеќе од телото кое го имаат. Убавината доаѓа од надворешниот изглед, но и одвнатре и секој човек е убав на свој начин.

jenny-rank2

Не мора да вежбате секој ден за да бидете сигурни во себе

Многумина мислат дека дебелките треба да вежбаат многу повеќе за да се покаже дека сакаат да ослабнат. Вежбањето има физички и психички придобивки, но работете на своето тело само ако вие така сакате.

Сакајте се себеси

Наjубавото нешто што може да го направите e да се сакатe себеси. Доколку се сакате себеси и се прифатите онакви какви што сте, ќе зрачите со самодоверба и позитивна енергија која ќе изгледа убаво и во очите на другите.

Прегледи:
470
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
01.03.2016