Категории

Најточна временска прогноза

54923813_large

Да знаеш да сакаш не е убаво, да знаеш да сакаш е привилегија. Да можеш да сакаш пак е дарба. Но да манипулириш дека сакаш е тоа е веќе генијална увертира! Да верува некој во она за кое ти мислиш дека треба, да изгуби некој кој најмалку требало, да покаже некој нешто што и не постоело до тој момент кога ти си посакал да видиш,  да се надева некој кога нема суштинска подлога за таа надеж, да мисли некој дека може а не може, да знае некој кога нема и што да се знае, е тоа е апокалипса на постоењето.

Хм се почесто се сомневам во фразата дека луѓето се такви(никакви) поради зачестените промени на времето.. или името беше. Како и да е, вака како што тргнале работиве почнувам длабоко да верувам дека стварно ќе ни се случи природна катастрофа. Оти нели и ние сме деца на природата.

Луѓе! Колку тоа гордо звучи. (или грдо беше) Во што се претворивме? Лажни пријателства, солзи ко од сапуница, празни зборови, студени дланки(до времето е) вештачки насмевки, третокласна глума. Пријателки. Ја викаш на кафе, глумиш лудило, се смееш до онесвестување, се додека не ти се здрви  лицето. А само сакаш да дознаеш со кого била синоќа. Откако ќе ископаш детално одвај чекаш да ја избркаш за да и се јавиш на другава(што до предмалку од уста не ја извадивте) и све да издрдориш. Нормално си додаваш нешто за приказната да биде подраматична. Се смешкаш задоволна од себе, и секако не пропушташ на Facebook да оставиш статус дека си имала прекрасно coffe time  и дека ја чекаш пак. Другари у град. Седиш на шанк, отспротива она-бомба. Убава sexy, се смешка. Знаеш дека е топ риба ама го убедуваш дека е фуфа, ја знаеш лесна и глупа и не е за него. Веќе утредента на пијачка со неа. Даваш се од себе да ја шармираш а на него му викаш-Брат шо да праам она ми се јави!

Така си е тоа. Денес нема место за извини, благодарам, прости, те сакам..  Денес братучетка ти не смее да е поубава од тебе, а сестра ти секако е подебела и пониска. На другарка ти пред искачање обавезно и се јавуваш да ја прашаш што ќе носи за да знаеш како да возвратиш. Мислам хелоу само еден центар на светов постои.  Поканети сте и двајцата на party. Јадење пиење и жени. Знаеш дека он сам не би одел. Па измислуваш дека си болен и ќе останеш дома. Многу јасно дека одиш. Пола кило парфем, холивудска насмевка и вечерта е твоја. А утре.. ха утре ќе се правдаш дека практично те извлекле од дома, притоа смеејќи се идиотски и да.. на моменти поткашлуваш. (од времето е).

Времето утре. Времето утре ќе биде слично на денешното. Нервозно, завидливо, иронично и мрзеливо. На моменти ќе провејува љубомора. На одредени места ќе има појава на омраза проследена со девијантно однесување. Нивото на загаденост на мислите ќе биде високо над дозволеното а самобендисаност ќе се почувствува и во пониските и повисоките предели. Температурите ќе се движат од потсмев и сарказам до презир и клетви. Имајте пријатна вечер! :)

Белешките на една Алиса.

umbrellas_00398099

Прегледи:
684
Објавено на:
26.06.2016