Ретко кој знае да одбере добра лубеница, ако ви се погоди добра – сте имале среќа.
Сепак има некој правила кој ќе ви помогнат да добиете подобро парче од ова главно летно освежување.
Доколку делот каде лежела лубеницата е жолт или некоја позрела нијанса, а не е бел, значи дека лубеницата е посозреана и веројатно повкусна.
Барајте „мрежа“. Дамки во вид на мрежа се индикатор дека пчелите повеќе пати дошле до цветот на лубеницата, што значи дека е послатка.
Во однос на големината, избегнувајте ги преголемите или малите. Одберете нешто измеѓу. Тежината на лубеницата треба да биде соодветна на нејзината големина.
Исушена дршка значи дека плодот е созреан, за разлика од зелената дршка која е индикатор дека плодот е предвреме набран.
И кај лубениците има машки и женски пол. Машки се обично поголеми и издолжени, а имаат водест вкус за разлика од женските кои се помалки и округли, секако и послатки.