Категории

Жени зошто ја носите таа облека кога не ви стои?!

Повеќето девојки и жени се трудат да ги следат модните трендови и да експериментираат со облекувањето, додека пак мажите баш и не се навикнати да ги гледаат во некоја облека која не им ги прикажува облините.

Многу мажи се чудат што е убаво во одредена облека, која на жените им изгледа комфорно или модерно. За кои облеки станува збор?

Boyfriend фармерки

Зошто се нарекуваат фармерките на момчето, ако не ги носи тој? Тоа се само обични фармерки кои на ниту една девојка не и стојат убаво, сметаат мажите. Но, тие не разбираат колку комотно се чувствуваме во широките машки фармерки и кога барем за неколку часа може да ги заборавиме тесните фармерки.

Комбинезон

q2

Изгледа како падобранско одело, е мислењето на мажите за оваа комбинација.

Она што им е убаво на жените е тоа дека освен што оваа сезона комбинезоните се модерни, тие се единствената готова комбинација која нема потреба да ја смислуваме. Ако избереме панталони или здолниште ќе ни треба уште половина час за да ја избереме вистинската кошула или топ што ќе ни одговара.

Ролки

q3

Што е тоа? Маица со сошиен шал? Целосно го скратува погледот кон еден од најсексапилните делови на женското тело, клучната коска.

Токму тој дел од женското тело, мажите го сметаат за најпривлечен и најсензуален дел.

Чевли на платформа

q4

Или потпетици или рамна чевла, било што помеѓу тоа, нема смисла. Особено не можеме да ве гледаме во големи платформи кои не ви стојат привлечно, сметаат мажите.

Сепак, не сфаќаат дека токму на платформи може да играме целата вечер без да побараме некое столче на кое ќе се одмараме.

Мини бохо фустан

q5

Зошто некој би посакал да изгледа како шатор?

Затоа што се работи за најудобниот модел на фустан, во кој се чувствуваме опуштено. Ова парче облека во зима може да го носиме како туника, додека во лето како лелеав и лесен фустан. Не веруваме дека некогаш ќе се откажеме од него.

Прегледи:
438
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
12.08.2016