Да бидеш мајка е можеби најголема среќа, но во исто време е тешко и напорно. Мајките се соочуваат со милион проблеми во текот на денот, а постојано ги мачи мислата дали нивните деца се добри, безбедни, најадени и среќни, дали се добри мајки и дали прават грешки.
Овој мал експеримент се состоел од прашања насочени кон мајките, како се гледаат тие во улогата на мајки, а наспроти тоа, и децата дадоа одговори како гледаат на нивните мајки.
Перфекционист сум. Некогаш да бидеш со децата е тешко.
Многу ја сакам.
Има денови кога ги преиспитувам моите способности како мајка.
Сакаме да правиме заедно забавни работи. Секогаш ми помага и многу ме сака.
Некогаш моите реакции не се во ред, тешко се носам со тоа.
Многу ми готви.
Посакувам да бев посамоуверена во однос на тоа дека сум добра мајка.
Ја обожавам, многу сме блиски.
Не сум најтрпеливата мајка на светот.
Многу е мила и убава.
Мајките биле длабоко трогнати од зборовите на нивните деца, иако со бројни несигурности, тие не биле свесни како нивните деца гледаат на нив и дека речиси и да не ги забележуваат нивните маани, туку се фокусираат на позитивните работи.
https://www.youtube.com/watch?v=T3WC58czpRc