Како се развива романсата и се раѓа љубовта во вселената ни покажуваат Џенифер Лоренс и Крис Прат, едни од најомилените Холивудски лица, во нивниот последен проект.
„Passengers“ е приказна која се одвива во вселената, а таму се будат од сон и се заљубуваат Џенифер и Крис, и како што може да го видиме од трајлерот тоа изгледа многу романтично и има одлична хемија меѓу нив.
Премиерата на филмот е закажана за 21 декември оваа година, а може да очекуваме дека оваа љубовна авантура во вселената, ќе има голема гледаност.