Кралското семејство е секогаш стилски и беспрекорно облечено, а зад славниот пар Кејт и Вилијам, не изостануваат и нивните деца.
Можеби сте забележале, а може и не, но принцот Џорџ е постојано во шорцеви и никогаш не носи долги панталони. Не ви се верува? Погледнете.
Овој негов стил не е без причина, носењето на шорцеви не е хир на мајка му која можеби мисли дека тој е многу сладок во нив, туку тоа има подлабоко значење. За оваа проблематика бил консултиран екпертот за бонтон expert William Hanson за да се расчисти прашањето, зошто принцот Џорџ е постојано во шорцеви, иако времето во Британија не е баш соодветно за тоа.
Според Hanson „Тоа е многу англиска работа момчињата да се облекуваат во шорцеви. Панталоните се резервирани за постари момчиња и мажи, а шорцеви на мали момчиња се тивок индикатор на класата. Иако времињата се менуваат, долги панталони на младо момче се смета дека одговара на средната класа. Никој почитуван аристократ или член на кралско семејство не би сакал да се смета за пригратски. Дури ни Војвотката од Кембриџ.“
Експертот исто така истакува дека во овој случај на кралско семејство веројатно се работи за традиција, а не за истакнување на класата, бидејќи не е вообичаено за нив да го прават тоа. Оваа традиција ја преживеале и Вилијам и Хари, а момчињата околу 8 годишна возраст се сметаат соодветни за големите панталони.