Категории

Стаклени топки со ваш дизајн: Направете оргинални украси за елка за само 5 минути (ФОТО)

Постапката е многу едноставна, а вашата елка и вашиот дом ќе изгледаат уште поубаво.

Постапката за изработка на овие автентични и оргинални украси е многу едноставна, а вашата елка, но и атмосферата во вашиот дом ќе бидат многу поубави. Само е потребно да ги закачите на некое видливо место, за да може сите да ги видат и да им се восхитуваат.

Потребно е:

Празни топки

Конфети/школки/вештачки снег/пердуви/бисери/монистри/пуканки

Конец

Изработка:

  1. Празните топки наполнети ги со монистри, исечени ленти од хартија и конфети. Отприлика секоја топка наполнете ја 1/3 од нејзиниот капацитет и потоа затворете ја.
  2. Конецот заврзете го на врвот, за да може лампионот да го закачите на новогодишната елка и на друго место, по ваша желба.

Вашата декорација е готова.

Еве неколку примери како тоа може да изгледа:

Прегледи:
1101
Објавено на:
16.12.2016