Категории

АКТЕРКАТА ЏУДИ ДЕНЧ (85), НАЈСТАРА ЛИЧНОСТ НА НАСЛОВНА НА VOGUE

Со 85 години, актерката Џуди Денч стана најстарата личност која се појавила на насловната страна во историјата на списанието VOGUE.

Познатата актерка можеме да ја видиме во јунското издание на британскиот VOGUE, а главниот уредник Edward Enninful изјави ,,Не можам да опишам колку сум пресреќен што ја гледам Џуди Денч, недостапната кралица на сцената и екраните, која се појави на својата прва насловна страна на VOGUE на возраст од 85 години”

Денч е актерка која освојува Оскар, позната е по тоа што глуми во доста широко успешни филмски остварувања како што се “Shakespeare In Love”, “Notes On A Scandal” и “Skyfall” . Нејзината фотосесија за списанието е направена на почетокот на Март оваа година, пред Велика Британија да го воведе карантинот како последица од коронавирусот.

,,Сигурна сум дека се чувствувам како и сите други, ваквите невидени времиња се тешки и сите го разбираат тоа” изјави таа за списанието, додавајќи „Она што е добро е што ги натера луѓето да бидат свесни за состојбата на другите кои се целосно сами. Ако излезе голема љубезност од сево ова, тогаш тоа ќе биде голем плус“.

Во интервјуто за VOGUE актерката зборува за нејзиниот живот во Сари, како и за малата вознемиреност кога ќе го слушне зборот “пензионирање”. На насловната страна за списанието за нејзиниот изглед се погрижи модната куќа Dolce & Gabbana, a фотосесијата е направена од фотографот Nick Knight.

Нејзината ќерка Финти Вилијамс вели: „После фотoсесијата, таа се врати буквално мислејќи дека е Бијонсе“.