Категории

Ана Винтур избра: Овие 5 дами се најдобро облечени жени во 2019 година!

Нивните стајлинзи оваа година беа без грешка

Според изборот на уредничката на „Вога“ тие ја заслужија оваа ласкава титула.

 

Сосема очекувано, Меган Маркл се најде на списокот, која е опишана како најсовремена личност на кралското семејство. Дамите ширум светот навистина го сакаат нејзиниот класичен и елегантен стил.

Стилот на Наоми Кембел низ годините станува се подобар, а оваа 2019 година дефинитивно беше нејзина.

 

Таа секоја година ја носи титулата за најдобро облечена жена, па не е изненадување што е повторно на оваа листа оваа година. Таа има изградено свој впечатлив стил што на многу луѓе им се допаѓа. Ријана е пример за беспрекорно облечена личност.

Пејачката која што порано не шокираше со своите изданија, Лејди Гага е на списокот на најдобро облечени оваа година. Нејзиниот стил доживеа права еволуција во последниве години.

 

Со своите необични модни избори, таа заслужи место на оваа листа. Зои Кравиќ се најде на 5-то место на оваа почесна листа.

Прегледи:
413
Објавено на:
04.01.2020