Категории

Анџелина Џоли беспрекорна на црвениот тепих во елегантен црн фустан

Кралицата на Холивуд како што може да се нарече Анџелина Џоли, и понатаму воодушевува со својот изглед и во својата 44 година.

Таа ретко се појавува во јавност кога се во прашање гламурозните настани, таа беше почесен гостина на еден настан организиран од Disney па нејзиното појавување беше своевиден спектакл. Актерката на црвениот тепих се појави во модно издание со кое никогаш нема грешка – мал црн фустан.

Анџелина се одлучи за модел прилепен за телото со должина до колената, збогатен со провокативни детали и длабок шлиц кои ги истакнаа нејзините совршени облини и витки нозе.

Креацијата потпишана од модната куќа Versace ја потполни со црни салонки и избра минимален накит. Со минимална шминка и прекрасна рамна фризура таа пленеше со својата елеганција и беспрекорност.

Потоа таа беше забележан како шета со своите деца облечена во долг бел лежерен фустан збогатен со кафеав каиш, ташна во ист тон и рамни сандали истакнувајќи ја својата природна убавина.

Прегледи:
570
Објавено на:
09.09.2019