Мостот во златна боја кој го држат две огромни камени раце е отворен на планината Ба На во близина на Да Нанга во централниот дел на Виетнам.
Ова е еден во низата необични мостови кои се наоѓаат ширум светот. Мостот Цау Ванг (Златниот Мост) кој е отворен во јуни е долг 150 метри, а се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри и пружа преубав поглед на планинската убавина. Посебна убавина му даваат рацете кои го држат, а иако изгледаат дека се направени од камен, тоа не е така. Направени се од челик и фајберглас.
Ба На планините биле омилено место за одмор на француските владеачи на почетокот на 20. век, а по рушевините во револуцијата против колонијалната власт 1945. година, сега постојат реплики на француското село и градини, како и жичарата.