Категории

Аца Филозофот е комунален работник, но што се крие зад обичниот човек? Вистинска мотивација и инспирација…

Арслан Бајрамоски е еден од многуте неприметливи комуналци во белградското комунално претпријатие. Иако има професија кон која повеќето гледаат со потценување, Арслан слободното време го користи за книги, самонадградување и образование. Вели дека е буквално заљубен во книгите. Тој е многу почитуван, а неговите колегите на работа го викаат Аца Филозоф.

Пред четири години, Арслан запишал факултет. Во петтата деценија од животот добил стипендија и станал студент по економија. Сосема спротивно од очекувањата на останатите, факултетот го завршил во рок, иако многумина се обиделе да го наговорат да се откаже. Скромноста се приметува во многу моменти, особено кога вели дека неговиот успех се должи на неговите пријатели и блиски роднини.

„Пријателите и оние што имаат завршено школо ме уверуваа дека нема ништо да изгубам, само ќе добијам“, вели Аца за српски портал Експлозив.

А на факултет не му биле проблем книгите и обемниот материјал, туку тремата.

„Во прва година, кога имав социологија, иако знаев перфектно и дури и повеќе од перфектно, бев стаписан, иако знаев и повеќе отколку што треба“.

Трема или не, Арслан положил 29 испити и добил диплома.

Во меѓувреме уште работи со метла. Имал понуда за работа на позиција магационер, но одбил заради проблемите со коленото.

„Ако се најде подобра работа – убаво, ако не – пак добро“, скромен е Арслан.

Додека чека подобра работа (надлежните во Gradskа čistoćа велат дека е во план), Арслан доби прилика да продолжи со студиите. Доби стипендија за мастер студии, која тој лично ја прифати со воодушевување. Притоа има едно нешто од кое не отстапува – читањето.

Прегледи:
406
Објавено на:
04.02.2017