Категории

Авалон ги најавува едни од најжестоките светски лајв атракции – Apocalyptica во Скопје!

Авалон продукција како прв голем проект за 2017-та година ја најавува една од најжестоките светски лајв атракции – Apocalyptica! 

apocalyptica-jpg_1462959040_crop2

Интензивниот и експлозивен бенд Apocalyptica повторно доаѓа во Скопје, овој пат со својата досега најатрактивна турнеја со наслов „20 years of Plays Metallica by four cellos“, на 5-ти април 2017 година.

Спојувајќи ја класничната музика со хеви метал, Apocalyptica стекна светска слава и привлече огромно внимание кај фановите и медиумите. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica  докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот.

Во чест на 20 годишнината од излегувањето на деби албумот „Plays Metallica By Four Cellos“, финските челисти објавија и албум во кој се вклучени и досега необјавени верзии од легендарните хитови на Metallica- „Battery“, „Nothing else matters“ и „Seek and Destroy“.

Поради фактот што минатиот пат салата во СРЦ Кале беше претесна, овој пат спектаклот се сели во ВИП Арената.

Влезниците ќе бидат во пуштени во продажба од среда преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

Прегледи:
376
Објавено на:
07.12.2016