Баба го насмеа целиот свет – Еве како се поставува прашање на Интернет

Обидувајќи се да пронајде одговор на едно прашање, една баба го насмеа целиот свет

Бен Џон пронашол нешто невообичаено на својот компјутер кога на Google пронашол необично прашање кое неговата баба Меј Ашворт го пребарувала.

„Ве молам преведете ги овие римски броеви MCMXCVIII, ви благодарам“

Младото момче помислило дека начинот на кој неговата баба го поставила прашањето бил толку симпатичен па решил да го сподели на Твитер.

За само неколку денови, пораката била ретвитана повеќе од 11.000 пати. Нен секако ја прашал својата баба зошто напишала толку љубезно барање во пребарувачот, и открил дека неговата баба мислела дека постои вистинска личност во канцеларијата на Google која одговара на сите прашања.

Овој Твитер пост привлече толку големо внимание што вработените во Google одлучиле да одговорат на ист, доста учтив начин.

„Драга бабо на Бен, се надеваме дека сте добро. Во светот на милијарда пребарувања, вашата не насмевна. Ох, и одговорот на вашето прашање е 1998. Ви благодариме.“




Коментари

[fbcomments]