Категории

Барбара Палвин ги откри своите клучни совети за убавина

Барбара Палвин важи за една од најубавите жени на денешницата. Со оглед на тоа што е една од најбараните модели, таа реши да ги открие своите тајни за убавина притоа споделувајќи како се грижи за својот физички изглед и кои се нејзините совети кога е во прашање убавината.

#1 Како да изгледате совршено на фотографиите
Камерата и осветлувањето влијаат доста на нашиот изглед. Доста е важно да препознаете како блицот и аголот влијае на вас и по тоа бирајте ја вашата фризура и шминка. Доколку имате боја на коса како Барбара, избегнувајте светлото да е директно насочено кон неа со цел да избегнете таа да изгледа прозирно. Што се однесува до шминката најндобро е да користите нијансирање на лицето така што ќе и дадете на кожата изедначеност од сите агли, притоа осветлувајќи ги оние делови од лицето каде што најчесто паѓаат сенките.

#2 Имплементирајте ги триковите на познатите шминкери
Можеби не сите го поминале половина живот опкружени со професионални шминкери како Барбара, но за цела среќа на сите нас постојат безброј видеа од behind the scenes за време на модните ревии кои откриваат чекор по чекор како создаваат совршени изгледи на моделите.
Барбара открива дека превзема доста трикови од шминкерите и ги користи во својата секојдневна рутина.

#3 Шминка во однос со стајлингот
Една од главните тајни за свечени случувања на Барбара е црвениот кармин. Таа открива дека секогаш кога оди на црвен тепих или присуствува на важни случувања избира да носи црвен кармин. Доколку носи модна комбинација во која се истакнуваат детали и има елементи кои светкаат, најчесто го вклопува со smokey eye шминка, а устата ја остава во nude нијанси. Доколку носи едноставна модна комбинација во неутрални тонови таа преферира да ги истакне усните со црвена нијанса.

#4 Физичката активност е доста важна
Со оглед на тоа што пред неколку години се придружи на ангелите на Victoria’s Secret, таа открива дека се посветува на физичката активност повеќе од било кога. Таа е позната по тоа што има нестандардни пропорции во однос на останатите модели. Барбара посетува теретана 3 пати неделно притоа придржувајќи се до посебен режим на исрана без брза храна и слатко.

#5 Негата на кожата е клучна
Еден од најважните совети кои таа ги сподели е дека обрнува особено внимание на негата на кожата, затоа што доколку кожата не изгледа добро, шминката нема да легне совршено и да изгледа беспрекорно. Таа открива дека користи хидратантни серуми кои го спречуваат стареењето. Секојдневно нанесува крем со spf во било кое годишно време, доколку нема некои ангажмани таа преферира чиста кожа без шминка.

Прегледи:
595
Објавено на:
07.09.2020