Пицата може да биде и здрав оброк! Денес ви ја претставуваме пицата од сладок компир. Тестото без глутен е полно со хранливи материи и протеини, наместо празни калории.
Состојки:
- 2 шолји печен сладок компир
- 1 јајце (за веганската верзија: 1 лажичка ленено семе + 2 лажички вода)
- 1 шолја бадемово брашно
- 1/4 чаша интергрално брашно
- 1 лажичка маслиново масло
- 1 лажичка бел вински оцет
- 1 лажичка оригано
- 1/4 лажичка сол
Подготовка:
- Подгответе го слаткиот компир. Ставете го целиот компир во загреана рерна на 210 ° C во траење од еден час или додека потполно не омекне.
- Извадете го од рерната и оставете го да се олади. Потребни ви се 2 шолји пире од компир.
- Додадете го слаткиот компир во поголем сад и мешајте со миксерот додека не добиете хомогена смеса.
- Додадете ги сите останати состојки и добро мешајте.
- Рерната загрејте ја на 220 ° C.
- Покријте го садот со хартија за печење. Од оваа смеса може да направите голема или 4 помали пици (половина чаша тесто за една пица) од целата маса.
- Разделете го тестото со прсти и повторно покријте го со хартија за печење.
- Тестото ставете го во рерна со времетраење од 30 миинути.
- Потоа извадете го, додадете доматен сос, сирење, салама и останатите состојки по желба и вратете го тестото во рерна уште 15 минути.