Категории

Биди благодарен за нелуѓето во твојот живот – тие од тебе направија ЧОВЕК

Бидете благодарни за нелуѓето – тие ве претворија во човек

За жал, за да стигнеме до вистинските нешта понекогаш мораме да направиме неколку грешки. Да претрпиме и некои повреди. Понекогаш додека чекориме по долги патишта, покрај болни искуства и комплицирани луѓе, се прашуваме за која цел има сето ова смисла во нашиот живот, а како што времето одминува почнуваме да забележуваме како коцките полека се местат.

Тешко е да се биде благодарен за некој кој од тебе направил будала, кој си поигрувал со твоите чувства, кој експериментирал со твојата личност, но тие таквите појави придонесуваат да почнеш да размислуваш за себеси подлабоко. Да се обидеш да ги гледаш нештата од друга страна и да донесеш некои одлуки кои никогаш не би ги донел.

Ќе станете нова личност кога ќе пронајдете сила да го надминете сето она кое нелуѓето ви го оставиле во вашиот живот, кога ќе ги соберите рушевините и ќе започнете да градите од почеток. Но овој пат тоа ќе биде нова личност, издржлива, стабилна, трпелива, самостојна и одговорна која никогаш повеќе нема да биде повредувана.
Сега размислете дали не вреди понекогаш да стегнете заби и да издржите за да бидете токму оваа личност..

Прегледи:
549
Објавено на:
15.03.2020