Категории

Биди маж со најцврста нежност

Жените никогаш не му биле повеќе потребни на светот отколку сега..

Пријателу мој, Бог ја раздвоил светлината од темнината, а на жената и дал божествена моќ да може да ги раздвои добрите намери од лошите мисли кај мажот. Жената раѓа, жената создава со чувствата, и никогаш на овој свет не му била попотребна отколку сега, онаа вистинска, божествена жена.

Жената сака или остава, но знај дека и во двата случаи таа создава и раѓа. Никогаш не ги жали нејзините очи ако во нив откриеш страдање и самотија. Тие длабоко во себе чуваат сеопфатна љубов за единствениот партнер. Таквите очи го спојуваат небото со земјата и отвораат ниска врата која води до рајот. Насмевни им се со среќата од длабочината на твоите очи. Почитувај го тоа во нејзините тие можат да го припитомат огнот и водата кога нејзиното тело ќе се навикне на меките прсти.

Во желбата да ја освоиш, не заборавај дека заведувањето е единствената уметност на љубовната игра која почнува со насмевки а завршува со погледи, во кои ти во нејзините очи ја гледаш само неа, а таа во твоите себеси самата. Потполно ќе ти се предаде дури тогаш, без да те гледа таа ќе знае дека ја гледаш само неа и со затворени очи. И тогаш прегрни ја силно така што ќе ги уништиш оние кукавици кои ја натерале да ја гради својата цврстина и храброст. Биди маж со најцврста нежност.