Категории

Бизнис шик – Што е всушност тоа и како да го носите

Шик кој не е претерано шик и деловен стајлинг кој не е премногу деловен, тоа најдобро би го опишало стилот кој подразбира бизнис шик и дефинитивно изгледа беспрекорно.

Во прашање е изглед кој би требал да функционира и во деловното опкружување но и на кафе после работа. Значи, не премногу конзервативно, никако премногу лежерно, но не и премногу елегантно.
Судејќи по стајлинзите на модните следбенички, парчињата кои ви се потребни за да го постигнете овој изглед и кои се основа на бизнис шикот се: потпетици и блејзер, во некои случаи и патики но зависи за каков модел се работи. Доколку сепак одберете патики, внимавајте тие да се класични бели патики без принтови.

Останатото е прозиволно, блузата или кошулата може да биде еднобојна, а добрата ташна и очилата за сонце се задолжителни.

 

Прегледи:
419
Објавено на:
19.01.2020