Дизајнерите очигледно се огледале на природата при истакнување на нијанси на зелена боја за есенски тренд.
Во фокусот се сите можни нијанси на зелена боја. Од пастелни фстаци, преку светло зелени, па се до маслинови нијанси, сите верзии на зелена се во игра.
Дизајнерите како Џил Сандер, модната куќа Живанши и Марк Џејкобс во нивните есенски колекции ги вклучија клучните парчиња во оваа боја, а многу познати дами и инфлуенсерки како Трасие Елис Рос или Алиса Козрекели веќе наголемо ги носат.
Зелената е всушност лесна за комбинирање бидејќи совршено се вклопува со неутрални нијанси како беж и бела боја, но исто така и со други, поизразени бои како розова или сина боја.