Категории

Божјото помнење – Поучна приказна

Една жена тврдела дека Бог и се јавувал. Отишла кај неколку бискупи за да се посоветува..

Една жена тврдела дека Бог и се јавувал. Отишла кај неколку бискупи за да се посоветува. Еден од бискупите и рекол: „Драга госпоѓо, вие можеби верувате во илузии. Морате да знаете дека само јас како бискуп одлучувам дали вашите видувања се вистинити или лажни.“

„Знам, возвишен.“
„Тоа е моја одговорност, моја должност“, и рекол бискупот.
„Секако, возвишен“, одговорила жената.

„Тогаш ќе постапите онака како што јас ќе ви кажам?“
„Да, возвишен.“
„При следното укаување, морате да проверите дали Бог вистински ви се јавува.“

„Но како ќе проверам, возвишен?“
„Кажете му на Бог: Објави ги личните и јавните гревови на мојот бискуп – Ако Бог вистински ви се јавува, тогаш тој ќе ви ги кажи моите гревови, а вие ќе дојдете и лично ќе ми ги соопштите.“
„Ќе направам како што велите, возвишен.“ ,рекла жената и заминала.

Месец дена подоцна таа пристигнала кај бискупот, откако ја примил, тој ја прашал: „Дали Бог повторно ви се јави?“
„Мислам дека да, возвишен.“
„Дали го прашавте онака како што ви реков?“
„Да, возвишен.“
„И што ти кажа Бог?“
„Ми кажа: Речи му на твојот бискуп дека ги заборавив неговите гревови.“

Прегледи:
548
Објавено на:
21.04.2020