Категории

Брчките покажуваат сè за вас: Лош знак е ако имате една на средина на челото

Ако сте премногу загрижени, под стрес или исхраната не ви е урамнотежена, сето тоа може да го видите на вашето лице. Погледнете што ви кажуваат вашите брчки:

Чело

Хоризонталните брчки упатуваат на преголема загриженост, а кај помладите може да укажуваат на претерана консумација на шеќер, млечни производи, растително или животинско масло и маснотии. Две вертикални линии меѓу веѓите покажуваат лутина или потисната лутина, која може да се изразува преку нетрпение, фрустрација или досада. Ако тие брчки се спуштаат подолу, кон коренот на носот, може да значат грижи и претерана концентрација.

Образи

Вертикалните линии на образите се знак на голем и континуиран стрес. назолабијалните брчки (оние од коренот на носот до врвовите на устата) се линиите на животната смисла или цел и покажуваат колку долго навистина живеете во реалниот живот. Ако се предлабоки, а немате ни 50 години, можеби е време за средување на животот и детоксикација на телото, со оглед на тоа дека овој дел е поврзан со дебелото црево.

Усни

Ситните вертикални линии над горната усна упатуваат на претерана загриженост – време е да почнете малку да вложувате во себе. Често се попратени и со кратки брчки на разочараност, кои од аглите на усната се спуштаат кон вилицата. Ситните вертикални линии кои се наоѓаат под долната усна означуваат незадоволство и огорченост од животот.

Брада

Вертикалните линии на брадите тешко се забележуваат кај помладите личности, а се поврзуваат со рационални или ирационални стравови. Често, кожата на тој дел има изглед на кора од портокал.

Очи

Брчките кои се појавуваат на аголот од окото и се качуваат нагоре, зборуваат за среќа и веселба, а оние кои се спуштаат кон јаболкниците или уште пониско, се знак дека сте се соочувале со повеќе тага отколку среќа.

1 2 3

Прегледи:
1467
Објавено на:
20.03.2016