Госпоѓата Макрон, е вистинско олицетворение на префинетиот француски шарм
Француската прва дама Брижит Макрон заедно со својот сопруг, претседателот Емануел Макрон отпатуваа на дводневна посета на Кина. Нив ги дочека кинескиот претседател Кси Џимпинг и неговата сопруга Пенг Лиуан.
Додека претседателите го одржуваа својот состанок, првите дами се упатија во едно средно училиште во Шангај каде што учениците и наставниците ја поздравија Брижит со громогласен аплауз и цвеќиња.
Госпоѓата Макрон за оваа посета избра модни комбинации кои и прилегаат на една французинка.
За пристигнувањето, таа избра елегантен црн капут во комбинација со црни потпетици. И во останатите деловни прилики, таа избра елегантни комбинации од карирано палто, елегантен црн женски смокинг и кошула со флорален дезен, додека во една прилика таа се одлучи за небесно син капут искомбиниран со тексас фармерки и чизми на висока потпетица.