Доколку сте спиеле малку часови, сте биле под стрес, се борите со хормонални промени, темните кругови се вистински проблем
Темните натечени кругови под очите секако не се нешто што сакате да го видите наутро во огледело. Сепак, понекогаш е невозможно да се спречи нивното појавување. Доколку сте спиеле премалку, или се борите со хормоналните проблеми и стресот, тие се неизбежни. За среќа, постои лек за тоа.
Направете домашна маска од кафе и белка од јајце и ќе забележите како тие полека станува се побледи и помали. Доволно е да помешате една белка и две лажички кафе. Матете ги околу една минута, а потоа со чисти прсти нанесете ги на чисто лице на темните подрачја. Кога маската ќе почне да се затега, а тоа ќе го почувствувате после десеттина минути, измијте го лицето.
Кофеинот ги смалува крвните садови, ја поттикнува циркулацијата на крвта и кислородот, и има антиинфламаторно дејство и ја смирува воспаленоста. Во комбинација со витамини и белка овие благотворни дејства ќе бидат појачани.