Категории

Брзо, вкусно и освежително: Вкусни летни такоси готови за 20 минути! (РЕЦЕПТ)

Ви претставуваме рецепт за лесен летен оброк чија подготовка не одзема многу време!

Состојки:

  • 6 тортиљи
  • 80 г тврдо сирење
  • 500 г пилешки гради
  • 100 г грашок
  • 150 г шери домати
  • пиперка
  • кромид
  • листови зелена салата
  • малку лимонов сок и маслиново масло

За прелив:

  • јогурт
  • малку сечкан лук

Подготовка:

Исечкајте го пилешкото и пропржете го. Исчистените домати, кромид и зелена салата исечкајте ги, помешајте ги со грашокот и зачинете ги со лимоновиот сок и маслиново масло.

Такосите загрејте ги на рингла и во нив додадете го пилешкото, целиот зеленчук кој претходно сте го помешале и коцките тврдо сирење. На крај, збогатете го со прелив од јогурт.

Добар апетит!

Прегледи:
1214
Објавено на:
02.07.2019