Категории

Чајот е одличен пијалок, но во овој случај може да биде штетен

Истражувањата покажаа во кои ситуации чајот може да му штети на вашето здравје

Сите знаеме дека секојдневното конзумирање на чај има бројни здравствени предности, што многу истражувања го потврдиле. Чајот помага во спречување на шеќерната побест, раков, срцевите оболувања и деменцијата, а ефикасен е и во борбата против вишокот килограми.
Сепак неговото претерано конзумирање понекогаш може да има негативно влијание на здравјето. Затоа, како и се останато, треба да се биде умерен и во неговото конзумирање.

Намалување на апсорбцијата на железо
Катехините кои се наоѓаат во чајот можат да ја променат способноста на вашето тело во апсорбирањето на железо. Тоа значи дека дури и ако јадете доволно храна која во себе содржи железо, можете да станете анемични. Тие кои имаат недостаток на железо или анемијата треба да се воздржуваат од големи количини на зелен чај. Тоа ги вклучува децата, трудниците и оние кои имаат проблеми со бубрезите.

Го ослабува дејтството на лековите
Оние кои имаат проблеми со срцето или се опоравуваат од срцеви болести треба да се консултираат со својот лекар колку и дали воопшто смеат да конзмираат чај и кој е најдобар за нив. Катехините можат негативно да влијаат на некои лекови и крвниот притисок, како и врз целиот кардиоваскуларен систем.

Проблеми со желудникот
Зелениот чај може да стимулира прекумерно лачење на желудочна киселина, така што они луѓе со осетлив желудник кои се склони на проблеми со желудникот треба да го ограничат внесувањето на чај. На тој начин можат да се избегнат проблеми како киселини, дијареа, и губење на апетитот.

Прегледи:
458
Објавено на:
11.11.2019