Категории

Чиста коса и до 7 дена – Како да го спречите брзото мастење на косата

Сигурно ви се случило неколку пати да го прескокнете денот за редовно миење на косата, и одеднаш вашата коса ви се чини толку неуредна што ништо освен топла вода и шампон не може да помогне.

Но за среќа постои едноставен начин кој ќе ви овозможи поретко миење на косата и одржување  на нејзината свежина на подолг период.
Пред да се „потопите“ шампон за суво миење, прочитајте ги нашите совети.

Првиот совет е да оставите вашата коса природно да се исуши, без употреба на алати за стилизирање и нивно ограничување да ги користите само за посебни прилики.

Фен со ладен воздух
Кога ќе ја измиете косата, оставете ја да се исуши природно, колку што е возможно, но, коренот исушете го со фен и тоа со опцијата за ладен воздух. Тоа ќе и овозможи на вашата коса да се масти помалце и да има волумен.

Користете капа за туширање
Кога се туширате, користете капа за туширање за косата која ќе ја спречи да се измасти од влагата.

Шампон за суво миење пред спиење
Секако, шампонот за суво миење на косата е еден од решенијата. Сепак косата ќе ви заблеска во полн сјај само ако го нанесете пред спиење.
Ќе се разбудите со свежа коса полна со волумен. Исто така обидете се да ја допирате косата што помалце, на тој начин ќе спречите побрзо да се измасти.

Прегледи:
595
Објавено на:
17.05.2020