Категории

Чувај ги луѓето кои ти даваат крилја

Чувај ги и никогаш немој да ги напуштиш, затоа што само со нив ќе можеш да поверуваш во чуда.

Колку пати во твојот живот влегле луѓе кои не правеле ништо освен тоа што постојано те кочеле да одил напред. Те застанувале на секој чекој чекор, те убедувале дека премногу сонуваш и дека твоите желби се нереални. Колку такви луѓе си запознал кои те оставиле празен и ти ги срушиле сите твои надежи како кула од карти. Си почнал да се сомневаш во себеси и се околу тебе. После нив испарила сета твоја енергија и се позитивно што повеќе не си имал сила да продолжиш понатаму.

А потоа се појавиле некои кои биле целосна спротивност на нив. Како оган во мракот, како да те разбудиле од бескраен сон. Со нив си почнал повторно да веруваш и да живееш. Такви кои направиле повторно да поверуваш во твоите соништа, дури и оние најлудите, такви кои го виделе сето она кое никој друг не го видел. Те охрабрувале и секогаш ги имале само најдобрите зборови. Луѓе кои никогаш не ти рекле не можеш, не смееш, не треба, немој..

Чувај ги цврсто во твојот живот затоа што тие се твоите крилја. Биди среќен и благодарен за нивното присуство. Тие луѓе се како тебе, и тие еднаш се соочиле со нечија суровост. Чувај ги и никогаш немој да ги напуштиш, затоа што само со нив ќе можеш да поверуваш во чуда.

Прегледи:
644
Објавено на:
28.06.2020