Категории

Дали се ближи крај на врската помеѓу Бредли Купер и Ирина Шајк?

Руската убавицаа Ирина Шајк има двегодишна ќерка со холивудскиот актер Бредли Купер, но сега се шушка дека ќе ја раскинат веридбата без разлика на сѐ. 

Парот неодамна се најде во екот на скандал кога медиумите почнаа да го поврзуваат Бредли Купер со Лејди Гага, а овој пат Лејди Гага не е причина за несогласувањата.

Наводно парот повеќе не живее заедно, а како проблем се напоменува и тоа што Ирина сака повеќе да се појавуваат во медиумите, додека на Бредли не му се допаѓа тоа. На Мет Галата во Њујорк која се одржа неодамна, Ирина стигна без својот партнер, а последен пат се видено заедно во јавноста при доделувањето на Оскарите.