Според многубројните детални истражувања на научниците, откриено е дека среќата не е нешто што едноставно случува сама по себе, туку да се биде среќен значи да направите мали промени во вашето однесување, вашата околина и вашиот контакт со луѓето околу вас.
Меѓународниот ден на среќата е годишен настан кој ја потенцира важноста на среќни луѓе ширум светот и ги повикува сите возрасти да учествуваат во активностите кои што го слават овој ден.
Како да бидете среќни?
Истражувањата кои се спреведени на темата среќа, доведуваат до 5 главни предуслови за среќа кои треба да ги исполнувате за да бидете вистински среќни:
1. Справување со стресот
Справувањето со стресот може да направи значајна промена доколку почувствувате дека сте претрупани со работа и обврски. Редовно вежбање, вклучувајќи ги и техниките во дишењето, исто така може да помогне и да направи позитивни промени кај вас.
2. Хумор
Доколку се трудите секогаш да ја пронајдете смешната страна на ситуацијата, ќе си помогнете при справувањето со стресот, како и избегнвањето на луѓе и ситуации кои предизвикуваат негативни емоции во вас.
3. Самопочит
Третирајте се себеси онака како што би се однесувале кон почитуван пријател и размислувајте позитивно наместо да дозволите да ве обземат негативни мисли.
4. Здравје
Ограничете си ја потребата на алкохол, хранете се балансирано, вежбајте редовно и спијте доволно.
5. Комуникација
Разговарањето со своите најблиски или стручно лице за стресната ситуација во која се наоѓате ќе ви помогне при ослободувањето на тензијата.